Португалецот, Кристијано Роналдо, вчера по петти пат во кариерата го подигна победничкиот пехар во Лигата на фудбалските шампиони.
Неговиот Реал Мадрид успеа да го совлада англискиот Ливерпул со 3:1, со што влезе во историјата како првиот тим што дури три пати во серија го освоил врвот на Европа. Веднаш по финалето одиграно на стадионот во Киев, големата ѕвезда на шпанскиот гигант имаше неочекувана изјава поврзана со неговиот престој на „Сантијаго Бернабе“.
„Беше прекрасно да се игра во Реал Мадрид. За неколку дена ќе дадам еден одговор кој ги интересира сите навивачи кои секогаш ме поддржувале. Сега е време да се радуваме на победата. Потоа малку ќе одморам и продолжувам со националниот тим на подготовките за Светското првенство“ – рече Роналдо.