Фудбалерите на Арсенал ја продолжија лошата серија во Премиер лигата откако доцна синоќа загубија на домашен терен од Барнли со 1:0.
„Топчиите“ си постигнаа автогол (Обамејанг) и заработија црвен картон (Џака) . Токму тие два момента му донесоа неславен рекорд на лондонскиот тим гледано во освоените бодови во почетокот на сезоната. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека неговиот тим не заслужил да загуби.
„Желбата на играчите да победат беше очигледна. Создадовме многу гол-позиции, но, црвениот картон на Џака не извади од ритам. Имавме целосна контрола над натпреварот и требаше само да постигнеме гол” – прокоментира Артета.

