Фудбалерите на Реал Мадрид се влезени во голема голгетерска криза откако цели шест часа и 49 минути не успеаа да реализираат во голот на противникот.
„Кралевите“ вчера загубија на теренот на Алавеш со 1:0 во Примера Дивизион а првиот човек на екипата, Флорентино Перез, наводно, му поставил услов на тренерот Хулен Лопетеги. Според медиумите, стратегот има рок до крајот на месецов да ја поправи формата и да влезе во победнички ритам. Во спротивно, ќе добие отказ.
Реал по паузата поради обврските на репрезентациите во Лигата на нации, ќе излезе на мегдан со Леванте во домашниот шампионат а веднаш потоа го очекува и меч во Лигата на шампионите против Викторија Плзен.