Тренерот на фудбалерите на Фрајбург, Кристијан Штрајх, изјави дека ќе настапи со најдоброто што го има на располагање на денешното гостување кај Бохум во новата рунда од Германскиот Куп.
Тој на средбата со новинарите, нагласи дека четворица од стандардните првотимци се настинати и дека може да го пропуштат денешниот натпревар.
„Преферирам да не ги кажувам имињата на играчите. Сите тестови за коронавирус се негативни“ – рече тренерот на Фрајбург кој заедно со РБ Лајпциг и Хофенхајм се бори за место во Лигата на шампионите