Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов и капитенот, Дамјан Стојановски, денеска се појавија пред новинарите в пресрет на новата сезона во домашниот шампионат.
„Добри ги поминавме подготовките. Го освоивме Супер-купот, покажавме дека имаме квалитет. Наша цел е повторно освојување на титулите на домашна сцена како и враќање во АБА 1 лигата“ – истакна капитенот Дамјан Стојановски.
„Добро е што го сочувавме костурот на тимот кој е засилен со четворица странци и неколку квалитетни домашни играчи. МЗТ Скопје како најголем клуб во Македонија има една и единствена цел – да ги освоите сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува“ – рече Васко Атанасов.