МЗТ Скопје со утрешниот меч на домашен терен против црногорскиот состав Тиват во првото коло на АБА2-лигата, ќе ја започне новата сезона. Извршниот директор на шампионот, Филип Ѓоревски, вели дека се исполнети сите желби на стручниот штаб околу играчкиот ростер.
„Амбициите на клубот се исти како и секоја година, со тоа што сега ќе дадеме поголем фокус на враќањето во АБА лигата. На домашна сецена сме главен претендент за освојување на сите трофеи“ – изјави Ѓоревски.
Тренерот на популарните штркови, Васко Атанасов, најави дека сите се насочени кон одбрана на трофеите во макбаскетот и да се обезбеди прогрес во АБА лигата. Капитенот на екипата, Дамјан Стојановски, процени дека МЗТ имал добар подготвителен период и дека има доволен број на играчи во ростерот за да биде конкурентен како на домашната така и на меѓународната сцена.

