Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска од 19.00 часот во СЦ Јане Сандански“ ќе го одиграат големото финале во АБА 2 Лигата против екипата на Златибор.
Популарните „штркови“ со пласманот во завршниот меч ја остварија целта и се промовираа како нови учесници во елитната регионална конкуренција во наредната сезона.
Влезниците за денешниот дуел се продаваат по цена од 100 денари а собраните средства ќе бидат уплатени во фондацијата – „Марко Божиновски“.