Претседателот на хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер, апелира да се престане со споредбите меѓу неговата генерација која во 1998 година во Франција го освои третото место на Мундијалот и сегашнава која има реална шанса во најмала рака да го повтори тој успех на терените во Русија.
„Треба да прекинеме со споредби и да заборавиме што се случи пред 20 години. Треба да бидеме задоволни од досега прикажаното во Русија. Јас сум горд бидејќи Хрватска повторно може да биде големо изненадување“ вели Шукер.
„Русија одигра одличен меч против нас а Модриќ повторно докажа дека е фудбалер од светска класа иако имаше тешка сезона со Реал“ – вели Шукер.