Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, ги критикуваше Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои не присуствуваа на церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА синоќа во Лондон.
„Не сакам да ја расипам оваа вечер, но за неколку дена ќе кажам нешто друго. Животот не е само пат до победата. Кога ќе загубите, треба да покажете почит. Што се однесува до победата на Модриќ, крајот на ерата на Роналдо и Меси е добра за фудбалот и за сите навивачи. Оваа награда за Лука е заслужена, со оглед на сето она што го стори во текот на годината“, изјавил Шукер.