Давор Шукер кој со дресот на Хрватска во 1998 година на Мундијалот во Франција го освои третото место, вели дека „коцкестите“ не стравуваат од Данска.
Претседателот на Хрватската фудбалска федерација е убеден дека сегашнава генерација може да направи одличен резултат на собирот во Русија. Средбата од елиминациската фаза меѓу Хрватите и Данците ќе биде одиграна на 1 јули на стадионот во „Нинжи Новгород“ со почеток во 20.00 часот.
„Имав разговори со селекторот и играчите. Очекувам дека ќе го дадат најдоброто, гледам дека играчите се подготвени за новиот предизвик.Ќе биде тешко, но, мораме да доминираме во средината на теренот“ потенцираше Шукер.