Германскиот фудбалски репрезентативец, Никлас Шуле, го информирал раководството на Баерн Минхен дека ќе си замине како слободен играч на крајот на сезоната бидејќи не е задоволен од финасиските услови.
Последната понуда од Баварците беше 10 милиони евра. 26-годишниот централен дефанзивец верува дека ќе добие повеќе на друго место.
Според одредени шпекулации за неговиот потпис се заинтересирани шпанската Барселона и англиските Челзи и Њукасл.