Андре Шурле е нов играч на Фулам. Освојувачот на титулата Светски шампион со Германија пред четири години и официјално е ново засилување за новиот член на Премиер лигата.
Фулам експресно ја заврши работата околу ангажманот на Пурле, а преговорите завршија синоќа со потпишување на договор, а траеја само два дена. Шурле вчера ги поминал медицинските прегледи, а потоа го ставил потписот на двегодишната позајмица од Борусија Дортмунд.
Финансиските детали од оваа позајмица не се познати , но се претпоставува дека не се големи затоа што Борусија сакала да се ослободи од Шурле поради високата плата која требало да му ја исплаќа. Тимот од Дортмунд пред две години плати за Шурле на Волфсбур дури 30 милиони евра, а пред тоа оваа екипа го донесе играчот од Челзи за 32 милиони евра.
Сега германецот се враќа во Лондон, но овој пат како член на Фулам. Неговиот претходен престој во Лондон во тимот на Челзи и не беше кој знае колку успешен.