Фудбалскиот состав Штутгарт потврди дека потпишал договор на четири години со голманот Флоријан Милер.
Тој доаѓа како замена за Грегор Кобел кој се пресели во Борусија (Дортмунд). 23-годишниот Милер во минатата сезона настапи како позајмен во Фрајбург и остави одличен впечаток.
„Развојот на Флоријан Милер во последниве години е навистина импресивен. Неговиот потенцијал, со оглед на неговата младост, неговиот карактер и менталитет, го прави совршено ново засилување” – рече спортскиот директор на Штугарт, Свен Минзлинтат.

