Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Швајцарија ја елиминираше Франција со пенал-рулет и се пласираше во четвртфинале
    Фудбал

    Швајцарија ја елиминираше Франција со пенал-рулет и се пласираше во четвртфинале

    risteBy riste28/06/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Франција и Швајцарија одиграа драматично осминафинале кое го доби селекцијата на Швајцарија по подобро изведување на пенали со 5:4, а во регуларниот дел и продолженијата мечот заврши нерешено 3:3.

    Натпреварот почна лошо за Франција, противничката репрезентација на Швајцарија успеа да го отвори резултатот уште во 15.минута од натпреварот откако Сеферовиќ искористи еден убав центаршут од левата страна и ја смести топката во голот на Уго Лорис за водство на неговата селекција од 1:0.

    Веднаш потоа Франција ја превзеде иницијативата, но до крајот на првиот дел не успеа да дојде до израмнување на резултатот. На стартот на вториот дел Франција започна фуриозно, но во 55.минута беше досуден пенал за Швајцарија кој го шутираше Родригез, но неговиот удар го одбрани Лорис, за потоа Франција да успее за само две минути да го сврти резултатот во своја корист.

    Во 57.минута Бензема постигна гол на асистенција на Мбапе, а две минути подоцна истиот играч, Карим Бензема повторно се запиша во листата на стрелците, но овојпат асистираше Гризман. Во 75.минута одличен удар на Пол Погба од далечина за водство на Франција од 3:1 и мирен финиш на натпреварот. Сепак за дополнителни возбудувања се погрижи Сеферовиќ кој во 81.минута повторно постигна гол за намалување на резултатот на 3:2.

    Пред истекот на регуларниот дел од натпреварот Швајцарија дојде до израмнување на резултатот на 3:3 благодарение на голот кој го постигна Гаврановиќ во 90.минута и го однесе натпеварот во продолженија. По подобро изведување на пенали славеше Швајцарија, а клучното промашување го имаше Мбапе во последната серија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.