Светскиот шампион со Германија Бастијан Швајнштајгер го најави крајот на кариерата. 35-годишниот играч од средниот ред се разделува со зелениот терен по 17 сезони поминати во професионалниот фудбал.
Тој во моментов е играч на Чикаго, меѓутоа, оваа екипа не успеа да се квалификува во плеј-офот во првенството на САД, со што стави крај на своето учество. Тој веќе е поканет да работи во репрезентацијата на Германија.
„Драги навивачи, дојде време да ја прекинам мојата активна кариера. Тоа ќе се случи на крајот на оваа сезона. Би сакал да се заблагодарам и на вас и на моите тимови Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Чикаго и германската репрезентација. Ова неверојатно искуство го направивте реалност. Секако, би сакал да и се заблагодарам на мојата сопруга, Ана Ивановиќ и моето семејство за нивната поддршка. Се чувствувам малку носталгично што се збогувам со активниот спорт, но во исто време, со нетрпение ги очекувам новите предизвици. Јас и понатаму останам верен на фудбалот. Многу благодарам за времето што го поминавме заедно. Секогаш ќе има место за вас во моето срце!