Фудбалската репрезентација на Шведска по вчерашната победа над Естонија од 2:0 во последниот меч од квалификациите за ЕП 2024 се раздели со селекторот Јане Андерсон. Откако тимот не успеа да се квалификува за ЕП 2024, Федерацијата објави дека ќе бара ново селекторско решение.
Швеѓаните ја објавија својата одлука синоќа и засега се уште е отворено прашањето кој ќе седне на селекторското место. Во јавноста извесен период се шпекулираше со името на Грем Потер, поранешниот тренер на Брајтон и Челзи, но засега нема никаква потврда.