Тенисерката од Полска, Ига Швонтек, посакува да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Франција на терените на „Ролан Гарос“. Новиот тениски Грен Слем собир ќе биде реализиран од 28 мај до 11 јуни.
„Минатата година беше навистина тешка и чувствував дека сезонава може исто така да биде тешка поради тоа што луѓето го очекуваат од мене“ – вели Швонтек.
„Чувствувам дека можам да го искористам моето искуство. Едноставно сум среќна што сум број 1 во светот повеќе од една година и тоа е возбудливо“ – вели тенисерката од Полска.