Полјачката Ига Швјонтек ќе се бори против Американката Џесика Пегула за титулата победничка на финалниот турнир на сезоната во ВТА конкуренцијата кој вечерва завршува во мексиканскиот град Канкун. Во синоќешното продолжено полуфинале, Швјонтек ја победи светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленко со 6-3, 6-2.
Овој полуфинален натпревар кој беше закажан за сабота, но поради дожд беше одложен за недела го даде вториот фуналист по Џесика Пегула од САД која во саботата ја совлада сонародничката Коко Гауф со 6-2, 6-1.
Финалниот натпревар е закажан за денеска од 23:30 часот по средноевропско време.