Преговорите на Манчестер Јунајтед со играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот се на раб до пропаст.
Иако, изгледаше дека „црвените ѓаволи“ ќе го добијат Французинот откако се договорија со неговиот клуб минатата недела, на сцена стапи неговата мајка и нејзините неразумни барања. Проблемот е кај огромната плата која мајката на Рабио, вероника ја бара од „црвените ѓаволи“.
„Атлетик“ објави дека преселбата на Рабио на „Олд Трафорд“ сега изгледа малку веројатна. Според непотврдени информации, италијанскиот гигант Јувентус добил порака од Манчестер Јунајтед за Адриен Рабио, во која е наведено дека преговорите се прекинати доколку не се случи чудо и играчот не ги намали своите барања.