Вечерва по 29. пат се игра финалето на националниот фудбалски куп. На Националната Арена во Скопје со почеток од 18 часот, Силекс и Македонсија ЃП влегуваат во единствената битка до трофејот.
Силекс како второлигаш повторно е во завршниот меч за Купот, каде практично, влегува како бранител на трофејот од последното издание. Македонија ЃП по фуриозната пролет се надева дека сезоната ќе ја круниса со трофејот во ова натпреварување кој обезбедува и излез во Европа.
„Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред сè ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено“, вели тренерот на Силекс, Горазд Михајлов.
Неговиот колега на спротивната страна, Муарем бајрами е убеден дека ѓорчепетровци се подготвени за прослава на трофејот.
„Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“, вели Бајрами.