Екипата на Силекс од Кратово е освојувач на Купот на Македонија во фудбал. Во финалниот натпревар кратовчани славеа над Академија Пандев по подобро изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши без голови 0:0, а немаше гол и победник ниту пом продолжението. По изведувањето на пеналите Силекс славеше со 4:3.
Натпреварот помина безмногу шанси, а двете екипи не ризикуваа многу затоа што сепак влогот беше голем, настап во Европа.
Клучен момент во пенал серијата беше последната серија кога во петтата серија за Силекс погоди Карчески, додека за Академија Пандев, Велиновски шутираше во пречката и му донесе радост на противничкиот тим.
Со ова Силекс ја освои третата титула во Купот на Македонија, по оние во 1994 и 1997 година и повторно ќе игра во Европа односно во Лига Европа.

