Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Силекс замина за Баку на пресметка со Карабах
    Фудбал

    Силекс замина за Баку на пресметка со Карабах

    risteBy riste17/08/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Силекс од Кратово со чартер лет замина за Баку каде треба да го одигра мечот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против азербејџанскиот шампион Карабах. Македонскиот тим на хартија е аутсајдер, но со оглед на тоа што се игра еден меч, од Силекс се надеваат дека може да направат изненадување

    Тренерот Горан Симов се надева на најдоброто и вели дека фудбалерите мора да веруваат во себе за да го дадат најдоброто на терен.

    „По разочарувачко реми со Пелистер работиме да ја подигнеме екипата на психолошки план. Ги оставаме сите работи зад нас и сега сме фокусирани само на мечот со Карабах. Сакам да излезат и на терен да го дадат најдоброто од себе. Мора да веруваме во чуда затоа што во фудбалот често истите се случувале. Се игра еден натпревар, желба ми е да бидеме дициплинирани и да бидеме на ниво, а дали тоа ќе биде доволно и ќе бидеме наградени за тоа со пласман во следното коло ќе видиме по натпреварот“, истакна Симов.

    Во составот на Силекс немаат проблем со повредени играчи што значи дека Симов ќе ги има на располагање сите свои фудбалери. Она што е добро во оваа ситуација е дека пред заминувањето за Баку, Силекс ги доби резултатите од тестовите за ковид-19 и сите се негативни.

    Дуелот меѓу Карабах и Силексќе се игра утре (вторник) од 18:00 часот на стадионот „Тофик Бајрамов“ во Баку, а ќе го суди Козик од Украина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ливерпул фаворит за потписот на Маунт

    30/03/2023

    Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?

    30/03/2023

    Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.