Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Горан Силјановски, откако вчера ја прекина соработката со Фљамуртари од Албанија, денеска беше претставен во дресот на Работнички.
Екипата од Скопје објави дека договорот за соработка ќе биде валиден до јуни во 2020 година и дека искусниот фудбалер веднаш му се приклучи на тимот на подготовките во Аланија.
Ќе потсетиме дека Дефанзивниот фудбалер настапуваше за екипата на Работнички во период од 2013 до 2017 година.