Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Силната Украина нов предизвик за нашите фудбалери
    Фудбал

    Силната Украина нов предизвик за нашите фудбалери

    sasoBy saso16/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје (20.45 часот) ја пречекува селекцијата на Украина, во натпревар од 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство в година во Германија.

    „Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално. Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европското првенство и други натпревари, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција“, истакна пред мечот селекторот на нашата селекција, Милевски.

    За Македонија и Украина ова ќе биде шестиот меѓусебен дуел. Македонија има една победа (1-0 во Скопје во тест-натпревар, во 2004 година), еден меч заврши нерешено (0-0, на гости, пријателска средба во 2003 година), а Украина забележа три победи (1-0 дома и 2-0 на гости во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2016 година во Франција и 2-1 на континенталниот шампионат во 2021 година).

    Во нашата група во истиот термин вечерва Англија и гостува на Малта.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    • Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.