Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, го посочи моментот кога Пеп Гвардиола побарал од него да игра на крилната позиција на „Емирати“ и да има дуели во одбраната со Сака.
„Не беше лесно и беше натпревар на голем притисок бидејќи бевме зад нив и ако загубeвме или ремизиравме, ќе бевме надвор од борбата за пехарот во Премиер лигата“ –вели Силва.
„Тоа што морав да го одиграм тој меч против еден од најдобрите крилни играчи во лигата беше моментот што ќе го паметам засекогаш во мојата кариера“ – изјави португалскиот интернационалец.

