Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не беше задоволен од играта во последните минути на дербито со Манчестер Јунајтед, кога шампионот прими два гола.
„Во 87. минута од дербито водиме со 1:0 и корнер во наша корист завршува со пенал за нив. Ако носиш такви глупави одлуки на три или четири минути пред крајот, заслужуваш да платиш“ – вели Силва.
„Не се работи за среќа, туку за одлуките што ги носите. Денеска во последните минути игравме како тим до 15 години“, изјави Силва.

