Португалскиот фудбалски интернационалец, Бернардо Силва, ќе остане во Манчестер Сити до 2026 година а неговата откупна клаузула ќе биде 50 милиони евра, објавија медиумите во Англија.
Иако за неговиот потпис беа заинтересирани ПСЖ и Барселона, „граѓаните“ ја одбија понудата од Франција додека со шпанскиот тим воопшто не контактираа.
Силва за англискиот шампион игра од 2017 година, има 221 меч и 33 гола. За Португалија реализирал 82 средби и постигнал 11 голови.