Португалецот, Бернардо Силва, кој главно влегува на теренот од клупата за резерви, вели дека неговиот тим Манчестер Сити нема да се откаже од трката за титулата во Премиер-лигата.
„Арсенал може да ја освои Премиер лигата но, ние ќе се бориме до крај. Тие се многу добри и го заслужуваат врвот. Натпреварот против Арсенал нема да биде решавачки“ – вели Силва.
„Топчиите“ се на врвот на табелата со 72 бода додека Сити е втор со 64 и натпревар помалку. Вториот сезонски дуел меѓу главните фаворити за титулата ќе биде одигран на 26 април на „Етихад“