Фудбалерот Андрес Силва кој има договор со италијанскиот Милан а настапува како позајмен во екипата на Севилја од Шпанија, од наредната сезона може да се активира во Премиер лигата, објави денеска – „Калчомеркато“.
Португалецот иако одлично ја започна сезоната во вториот дел полека излезе од ритам што очигледно не им се допаѓа на луѓето од Андалузија кои најавија дека нема да ја искористат можноста на крајот на сезоната да го откупат неговиот договор.
Милан исто така нема намера да го врати во Италија што значи дека Силва може да си бара нов клуб. Според медиумите, неговиот агент Жорге Мендеш успеал да му издејствува трансфер во Англија и тоа во екипата на Вулверхемптон.