Играчот на средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, изјави дека сака да се врати во неговиот некогашен клуб, Бенфика. Неговата изјава доаѓа по само два дена откако „граѓаните“ добија забрана од УЕФА за настап во Лигата на фудбалските шампиони во наредните две сезони.
„Претходно кажав дека жалам што прерано си заминав од Бенфика и мислам дека ќе се вратам” – изјави Силва.
Медиумите во Англија излегоа со проценка дека фудбалерите на „Сити“ полека планираат да го напуштат клубот кој се соочува со можна санкција и од страна на ФА на Англија.