Фудбалерот, Бернардо Силва, е решен да си замине од редовите на Манчестер Сити и да направи трансфер во екипата на Барселона.
Португалецот и во претходното лето беше на излезната врата од стадионот – „Етихад“ но, остана уште една сезона. Медиумите сега наведуваат дека луцидниот фудбалер од средниот ред ќе се обиде да издејствува трансфер кај каталонците иако нивната финансиска ситуација е проблематична.
Според најавите, за потписот на Силва , наводно, се заинтересирани и уште неколку големи екипи од Европа.