Менаџерот на Евертон, Марко Силва, рече дека напаѓачот, Сандро Рамирез, треба да остане во клубот од Премиер Лигата.
23-годишниот фудбалер премина во Евертон во изминатата сезона, но, одигра само 14 натпревари пред да биде испратен во јануари на позајмица во шпанскиот состав Севилја. Голгетерот синоќа одигра добар натпревар при победата со 3:1 против Родерам во вториот круг на турнирот за Купот на Лигата на Англија.
„Сандро е играч кој сака да остане во тимот бидејќи му верувам“ – рече Силва по вчерашниот натпревар. Евертон кој има една победа и две реми во првите три натпревари од сезоната во англиското првенство, в сабота ќе му биде домаќин на Хадерсфилд.