Легендата на италијанскиот фудбал Џанлуиџи Буфон нема намера да замине во пензија. Голманот кој е влезен во 40-та деценија од животот ќе си замине од ПСЖ, но, ќе остане активен во фудбалот. Тоа го потврди и неговиот агент задолжен за трансфери, Силвано Мартина.
„Џиџи нема намера да престане да игра . Тој денеска се сретна со ПСЖ и одлучи дека разделбата е најдоброто решение. Сега мојот клиент побара два дена за релаксацијa за да размисли околу иднината“ – вели Силвано.
„Откако се дозна дека Буфон ќе си замине од Франција беше „бомбардиран“ со телефонски повици, но, се уште нема донесено одлука“ -рече агентот на легендата на Јуве.