Педводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сумираше резултатите од гостувањето кај Алавес од 32. коло на шпанската Примера лига (0:2).
„Ова е момент за нас кога треба да останеме смирени и да работиме, знаејќи дека ќе бидеме критикувани. Ни претстои тешка недела, но ова е фудбал и живееме за него. Јасно е дека ги знаеме причините за тоа што ни се случува на гостински натпревари, но очигледно не сме во состојба да го решиме. Од нас како стручен штаб зависи да го подобриме овој аспект, што не можевме да го направиме досега оваа сезона“, изјави Симеоне за „АС“.
Атлетико Надрид има 61 бод , а се наоѓа на четвртото место на табелата, со три бода повеќе од Атлетик Билбао пред директната средба. Алавес е на 13. позиција со 35 бодови.