Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, заработи само парична казна од УЕФА за неговиот непримерен гест на првата пресметка со Јувентус одиграна во Шпанија во елиминацискиот дел од Лигата на шампионите.
Аргентинскиот стратег откако неговиот тим успеа да постигне водечки гол се фати за препоните и се заврте кон гледалиштето. Тој миг што беше уловен како од камерите така и од објективите, остана непријавен од страна на судиите.
Сепак, УЕФА реши да го казни Симеоне парично со 20.000 евра врз основа на видео-снимката..Тоа значи дека тренерот на Атлетико Мадрид ќе може да седи на клупата на реваншот со Јувентус во Торино кога неговиот тим ќе брани предност од 2-0.