Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше откако неговиот тим беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Не би зборувал за среќа. Повеќе би сакал да зборувам за тоа колку сум горд на нашиот тим“ – изјави Симеоне.
„Одлично ја контролиравме играта и имавме можности да го зголемиме резултатот, но ни недостигаше завршница. Противникот го имаше поседот на топката, но не создаде прилики за гол“ – рече Симеоне.

