Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Симеоне го потврди заминувањето на Луис Суарез
    Фудбал

    Симеоне го потврди заминувањето на Луис Суарез

    risteBy riste15/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека клубот ќе се раздели со Луис Суарез. Договорот на Уругваецот истекува и нема да биде обновен. На денешниот домашен натпревар против Севиља, искусниот напаѓач ќе се прости од навивачите на Атлетико Мадрид.

    „Имав разговор со Луис во ноември. Долг, тежок и искрен разговор. И двајцата споделивме како ја гледаме сегашноста и иднината. Од тој момент до денес, никој од нас не го прекрши тоа што си го ветивме. Затоа сум исклучително благодарен на Суарез“, изјави Симеоне.

    Луис Суарез пристигна на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч од Барселона во 2020 година и даде огромен придонес за титулата на Атлетико во Ла Лига. Уругваецот оваа сезона повторно е водечки стрелец на клубот во првенството со 11 голови, но често седи на клупата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.