Напаѓачот Дуван Запата од италијанскиот клуб Аталанта е меѓу главните трансферни цели на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, тврди „Спорт Медијасет“.
Според информациите, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, лично инсистирал кај управата за трансфер на 29-годишниот Колумбиец, кој има одлична техника и брзина. Сепак, цената за овој квалитетен играч би можела да биде околу 60 милиони евра.
Пред пандемијата и прекинот на првенството, Запата одигра 19 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања, а приотоа постигна 12 голови и 5 асистенции.