Атлетико Мадрид вечерва гостува кај Манчестер Јунајтед, а во пресрет на реванш осминафиналето против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите имаат резултат од 1:1 од првата средба. Ако се верува на традицијата и претходните искуства, Атлетико ќе игра внимателно на „Олд Трафорд“.
На прес-конференцијата пред натпреварот , своето очекување го изнесе тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
„Го знаеме потенцијалот кој го има Манчестер Јунајтед, како и големината на нашиот следен ривал. Тие се опасни на свој терен, ама ние веруваме дека можеме да направиме резултат кој ќе не однесе понатаму. Очекувам динамична игра, тимовите ќе се менуваат во пресинг, тоа често се случува на стадиони како „Олд Трафорд“. Наша предност се контра нападите при нивна најмала грешка. Сепак и тие знаат да играат брзо во транзиција, тоа можеби е и најголемо оружје на Манчестер Јунајтед“, изјави Симеоне.
Натпеварот се огра вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“.