Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на вчерашното реми со Селта во меч од 24 коло во елитниот шпански фудбалски шампионат. Со тој резултат, „јорганџиите“ загубија два значајни бода во трката за титулата.
„Игравме со човек помалку речиси 90 минути а имавме неколку шанси да постигнеме гол против тим кој игра многу добро во одбраната“ – вели Симеоне.
„Прво останавме со еден човек помалку па тие постигнаа гол. Многу сум задоволен од тоа што го покажаа моите фудбалери“ – нагласи Аргентинецот.

