Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сподели своите ставови за иднината на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот стана слободен играч на 1 јули, откако му истече договорот со клубот.
„Ла Лига не треба да го губи најдоброто. Меси е најдоброто нешто во Ла Лига. Ние веќе го загубивме Кристијано Роналдо. Се надевам дека ќе можеме да продолжиме да уживаме во играта на Лео Меси во Шпанија. За да се случи тоа, Барселона ќе мора да вложи значителни напори и најдобро се справи со ситуацијата за да компензира што е потребно за да го има Меси во тимот“, изјави Симеоне.
Според информациите кои беа објавени Меси и Барселона се договориле за нов договор, а капитенот дури се согласил да му биде намалена платата за дури 50%.