Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не крие дека е задоволен од победата против белгискиот Ројал Јунион во 4 коло во Лигата на шампионите.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Во Ајндховен водеа со 3-0 до 80-тата минута. Против Интер дома одиграа многу добро прво полувреме со неколку шанси за гол“ – рече Симеоне.
„ Одбраната на противникот не ни остави простор. Второто полувреме беше подобро. Го контролиравме натпреварот но, имаше ризик да примиме втор гол“ – рече Симеоне.

