УЕФА може да го казни тренерот на Атлетико (Мадрид) Диего Симеон со 3 натпревари поради неговото исклучување за време на синоќешниот прв 1/2-финален дуел против Арсенал од Лига Европа, пишува весникот „Марка”.
Аргентинскиот стручњак беше исклучен од судијата и испратен на трибините веднаш по покажаниот црвен картон на Шиме Врсаљко кој дозволи за 10 минути да заработи два жолти картони и да го напушти терернот. Симеоне жестоко реагираше на одлуката на судијата при доделувањето на црвениот картон на Врсаљко и беше исклучен.
Ако судијата од синоќешниот натпревар Клеман Турпен изјави дека бил навредуван од Чоло, тогаш казната на тренерот на Атлетико Мадрид може да биде и доста сериозна, односно најмалку 3 натпревари.