Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не крие дека е задоволен од минималната победа во второто коло во Ла Лига против екипата на Елче.
Неговите избраници на домашен терен славеа минимално со 1:0 иако имаа изобилство на шанси, но, не ги искористија.
„Мислам дека немаше свежина кај моите фудбалери. Имавме многу обврски во летниот период. Сакаме да ангажираме уште еден играч во нападот“’ – потенцираше популарниот „Чоло“.