Атлетико Мадрид со минимален пораз од 1-0 се враќа од гостувањето кај Интер во првиот меч од елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони.
Тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, вели дека на реваншот на Пиринеите ќе се реши прашањето кој ќе продолжи понатаму во елитата на Европа.
„Тие не казнија за нашата грешка. Сепак, остануваме мирни бидејќи ќе има реванш“ – потенцираше Симеоне