Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и неговите помошници ги продолжија договорите со клубот. Договорот на аргентинскиот тренер е до 2024 година.
Претходниот договор на Чоло Симеоне истекуваше следното лето. Симеоне го води Атлетико од 2011 година, а претходно ги водеше Расинг, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.
https://twitter.com/atletienglish/status/1413181933786370057?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1413181933786370057%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070818241210604
Под водство на Аргентинецот, „јорганџиите“ двапати ја освоија Ла Лига, Лига Европа и Суперкупот на Европа, а триумфираа и во Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Атлетико двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите, но и во двата случаи загуби од градскиот ривал Реал Мадрид.

