Фудбалерите на Атлетико Мадрид откако доцна синоќа загубија на гостувањето кај Гранада со 2 спрема 1, полека заостануваат во трката за шампионската титула во Шпанија.
Тие имаат дури 17 бодови помалку од лидерот Реал Мадрид. Нивниот тренер, Диего Симеоне, вели дека екипата функционира добро, но, дека нема среќа.
„Играме добро, но, посакуваните резултати ги нема. Создадовме многу добри шанси, сепак, топката не сакаше да влезе во голот. Плаќаме висока цена и покрај нашата добра игра, не заслуживме пораз“ – вели аргентинскиот тренер.

