Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не го криеше задоволството по пласманот во полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.
Неговиот тим иако вчера загуби на домашен терен од Барселона со 2-1, сепак продолжува понатаму благодарение на триумфот во првиот меч со 2-0.
„Вложивме огромен напор во првото полувреме и покрај некои индивидуални грешки. Потоа успеавме да се вратиме во игра. Второто полувреме беше поизрамнето. “ – рече Симеоне.

