Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изрази задоволство од новиот договор со „јорганџиите“. Вчера од „Ванда Метрополитано“ официјално го објавија новиот договор.
„Потпишав нов договор поради играчите. Сакам да им се заблагодарам за нивната напорна работа во текот на годините. Тие ми даваат моќ да ги преземат предизвиците што ќе се случат. Фудбалерите се најважни и благодарение на нив ќе продолжиме понатаму, бидејќи се млади и талентирани”, изјави Симеоне на прес-конференција пред саботната средба со Рајо Ваљекано.
„Против Бетис и Реал Мадрид, клучните ситуации не беа на наша страна. Ние се стремиме да ги разгледаме деталите и да ги елиминираме недостатоците. „ВАр“ системот исто така, мора да оди понатаму и да се подобри”, рече аргентинскиот стратег. Денес Диего Коста и Стефан Савиќ добија медицинска дозвола за да играат. „Мислам дека Мората и Диего Коста можат да бидат на теренот во исто време”, рече уште Симеоне.
Атлетико Мадрид утре му гостува на рајо Ваљкано на меч кој започнува во 16.15 часот.