Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне остана цврсто на земја по победата над Валенсија со 3:1. Неговата екипа забележа победа по која се се одлепи на 7 поени разлика на врвот на табелата, што ги натера навивачите на тимот од сега да почнат да размислуваат и сонуваат за титулата.
„Размислуваме само за следниот натпревар со Кадиз, за тоа како да се подобриме на следниот тренинг. Денешното прво полувреме покажа дека имаме што да додадеме и да подобриме. Во второто полувреме одигравме добро, ги видовме и искористивме слабостите на Валенсија. Најдоброто нешто во оваа ситуација е да мислиме од натпревар за натпревар“, прокоментира Симеоне по мечот со Валенсија.

